Во шума пронашол напуштена Hondа NSX во чиј развој учествувал Аиртон Сена

ОБЈАВЕНО НА:

За некого ништо важно, а за вљубениците на брзите автомобили да се пронајде супер спортски автомобил како Honda NSX во шума е исто што и пронаоѓањето на еликсирот од страна на алхемичарите.

Еден неименуван Русин кој се шетал во близина на шума во Санкт Петерсбург, на негово изненадување ja пронашол оваа Honda напуштена, но во солидна состојба. Тој веднаш ова го пријавил на надлежните институции кои утврдиле дека овој автомобил бил продаден пред 7-8 години и тоа по цена од 16 илјади евра.

Среќниот Русин во меѓувреме успеал да ги добие сите потребни дозволи и надлежните институции го прогласија како нов сопственик на овој автомобил од 1992 година.

Со оглед на тоа што овој автомобил е доста почитуван, особено од фактот што во неговиот развој учествувал и легендарниот Аиртон Сена, овој автомобил на аукција би можел да достигне висока цена. Сепак останува да се види дали овој автомобил ќе се најде на аукција или во неговите перофрманси ќе ужива среќниот пронаоѓач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK