Во Русија камерите ги снимаат возилата од позади за да нема семејни кавги!

ОБЈАВЕНО НА:

Градоначалникот на Екатеринбург, Александар Високински наредил камерите за контрола на брзината во градот да бидат пренасочени односно место предните да ги снимаат задните делови од автомобилите и регистарските таблички. Причината за ваквата промена е за да биде намален ризикот за семејни скандали.

Според градоначалникот фотографиите кои доаѓаат на домашна адреса со „честитките“ за казна, често се причина и за семејни драми. Се случувало сопругите да видат непознати жени во автомобилот до мажите и тоа да биде причина за распаѓање на бракот.

За да се избегнат вакви ситуации во иднина, камерите во Екатеринбург веќе ги снимаат автомобилите одзади. На тој начин прекршителите ќе ги стига казната, а од друга страна нема да се гледаат луѓето во автомобилот и ќе се избегнуваат несакани ситуации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK