Во Романија открија пат кој не води никаде (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Локалните жители на романскиот град Патра Њамц во областа Молдавија  биле изнендени од новооткриениот пат кој не води никаде.

Пат во должина 200 метри кој чинел 100.000 евра завршува во нива, со премин и знак за запирање. Градоначалникот ја поддржува тезата дека патот е дел од планот за модернизација на регионот.

Во земјата продолжуваат протестите поради недостатоток на повеќе автопати и инфраструктура. Во март годинава сообраќајот во Букурешт беше блокиран откако неколку возачи ги запреа автомобилите на 15 минити за да се приклучат кон протестот наречен „Романија сака автопати“.

Кампањата беше иницирана од страна на бизнисменот Стефан Манолачи. Со мобилизирање на тим од 17 мажи, Манолачи изградил автопат  од неколку метри во градот Суцеава само за еден ден. Тој објави дека ќе запре секаква дејност во својот ланец ресторани за 15 минути за да протестира против недостатокот на автопати во областа Молдавија и во целата земја.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK