Во Париз ќе забранат туристички автобуси – ќе мора пешачење, возење велосипед или метро!

ОБЈАВЕНО НА:

Париз планира да го забрани пристапот на туристичките автобуси до центарот на градот, присилувајќи ги посетителите во француската престолнина да пешачат, да возат велосипед или да користат јавен превоз. Овој чекор е резултат на многу поплаки од локалното население, изјавил Емануел Грегоар, заменик градоначалник на Париз.

Тој во коментар за весникот. “Ле Паризиен” изјавил дека ситуацијата во градот не е толку тешка како што е во полните градови со туристи како Венеција или Барселона, но парижаните се загрижени поради приливот на туристички автобуси.

“Дојдовме ни е до глава со анархијата на туристичките автобуси, изјавил Грегоар.

Париз е преплавен со десетици двокатни автобуси кои ги развезуваат туристите меѓу главните атракции, како и меѓународните туристички автобуси кои ги возат патниците од цела Европа.

Според зборовите на Грегоар во Париз претстои да биде донесен нов Правилник со кој ќе се бара сообраќајот на автобусите да биде намален, а паркинзите за нив да бидат поместени надвор од градот, за да нема големи превозни средства да возат до централните делови.

Новиот закон за сообраќај во Франција ќе им даде на локалните власти поголема моќ за регулирање на локалниот сообраќај, како и за воведување на нови транспортни опции како што се изнајмување на велосипеди и електрични скутери. Според Грегоар туристичките водичи треба да се прилагодат со развој на велосипедски или пешачки тури со слушалки.

Минатата година посетеноста во Париз и регионот достигнаа рекордни 50 милиони лица , а во 2017 година се пријавени 48 милиони. Франција е најпосетуваната земја во светот. Минатата година, нејзините гости имаа вкупно 89,4 милиони луѓе. Во 2017 година, нивниот број изнесувал 86,9 милиони.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK