Во кои градови има најлош сообраќај во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Постојаното населување на градовите, слабата патна инфраструктура, зголемувањето на бројот на автомобили, но и лошата сообраќајна култура се дел од причините за проблематичниот сообраќај и големиот метеж во градовите.

Секој град на свој начин се обидува да се справи со проблемот, и некаде тоа успева, а некаде е вистински хорот да се биде во таквиот сообраќај. Со цел да се намали метежот во градовите, секој презема различни мерки. Во Лондон н апример се плаќа дополнителна такса за возење низ централното подрачје. Но, во најголемиот дел од градовите сѐ уште се бараат решенија.

Компанијата за навигација и картографија Tom Tom рангираше европските градови со најлош сообраќај и го пресмета екстра времето за патување кое го чини преодот низ градот, пишува Business Insider.

Еве ги 10-те европски градови со најлош сообраќај:

10. Атина
9. Манчестер
8. Брисел
7. Париз
6. Рим
5. Марсеј
4. Лондон
3. Санкт Петербург
2. Москва
1. Букурешт

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK