Во Европа има 309 фабрики за возила, еве колку има на Балканот

ОБЈАВЕНО НА:

Во Европа има вкупно 309 фабрики за производство на возила, покажуваат последните статистики објавени од страна на ACEA (European Automobile Manufacturers Association).

При тоа 137 од наведените фабрики служат за производство на автомобили односно патнички возила, во 37 се произведува лесни комерцијални возила, во 59 тешки комерцијални возила, во 47 фабрики се произведуваат автобуси додека во 72 фабрики во Европа се произведуваат мотори.

На Балканскиот Полуостров, невклучувајќи ја туак Турција, во моментов се функционираат 11 фабрики за возила. Со посериозен производствен капацитет се фабриките на Dacia и Ford во Романија, Fiat во Србија и Renault во Словенија.

Во Бугарија во Ловеч се наоѓа фабриката на Great Wall, во Србија функционираат уште фабриките на FAP во Прибој и Икарбус во Белград. Во Хрватска една фабрика поседува Rimac додека две Dok-ing.

Во овие статистики земени се во предвид фабриките кои се лоцирани на териториајта на земјите членки на Европската Унија како и Белорусија, Казахстан, Русија, Србија, Турција, Украина и Узбекистан. Во податоците не се наведени фабриките во македонија, Албанија, Молдавија и останатите неспоменати земји.

Затоа тука не е наведена фабриката Van Hoоl која се наоѓа во индустриската зона Бунарџик близу Скопје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK