Во BMW ќе го паметат: Си купи возило со десет кутии монети (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Вработените во ВMW во Кина во градот Путјан добиле непланирана задача на која морале да посветат голем дел од денот бидејќи морале да пребројат монети во износ од 70.000 јуани што е еднакво на 9.000 евра. Жител на ова место одлучил да си купи BMW на лизинг, па за првата рата однел дури десет кутии со монети. Парите биле со вредност од 5 ѓаоа (1/10 од јуан) што е вредност рамна на 0.06 евра.

Парите ги собирал со години, па сега добил шанса за да ги искористи и да им направи дополнителна работа на вработените во BMW. Ова е нов ваков случај за купување на автомобил со монети во Кина. Во 2015 година беше купена кола со монети кои беа со тежина од 150 килограми. Се работеше за сума од 2560 евра (20.000 јуани). Во 2010 година исто така во Кина во автосалон се појави купувач кој донесе монети со тежина од дури 700 килограми.

Сепак, апсолутниот рекорд останува од 2014 година кога жител од Лаочен ја плати новата кола со 2,5 тони монети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK