Вистинска случка: Вака ги измамуваат купувачите на половни возила во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Германија во моментов е идеална дестинација за купување на половни дизелски автомобили кои се продаваат по доста пониски цени од вообичаеното. Тоа е шанса што не се пропушта. Најчесто возилата се транспортираат до вашата земја и тука продавачот ги средува сите документи за што ќе си платите и некоја провизија. Но, што доколку решите самите да си најдете возило на интернет и да си го купите?

Е тогаш треба навистина да бидете претпазливи бидејќи и на најпознатиот сајт за продажба на возила во Германија, па и во Европа, mobile.de има многу нечесни продавачи, или поточно речено измамници. Може да останете ем без пари, ем без автомобил, и да се вратите дома разочарани.

Ова е вистинска приказна за она што му се случило на еден Србин кој решил самиот да си купи возило. Како го насамариле? Останал без 2.400 евра, иако се изгледало навистина реално.

Прашање е дали е тој наивен или станува збор за добро разработена шема. Дел од парите ги пратил преку Вестерн Унион како доказ дека навистина ќе го купи возилото. Исплатата била на негово име, со цел да не се посомнева дека од друга страна е измамник.

Погледнете го видеото, може да биде поучно и корисно. Особено ако сте решени самите да си најдете возило преку интернет.

Подобро да се спречи отколку да се лечи…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK