Вендинг машина за автомобили – со поевтина цена од авто салоните

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија ја доби првата вендинг машина за нови автомобили поставена во центарот на лондон. Оваа машина е поставена од страна на Auto Trader водечки сајт за купопродажба на нови и половни автомобили во Велика Британија.

Оваа машина овозможува да купите автомобил до 25 илјади американски долари, а целата трансакција, вклучувајќи го и плаќањето, може да се направи на лице место, преку автоматот.

Во првата ваква машина се наоѓа автомобилот Renault Zoe кој како што наведуваат од Auto Trader, минатиот месец бил пребаруван 463.277 пати на овој сајт.

Цената на Zoe купен преку овој автомат изнесува 16 илјади фунти што е помалку отколку да се купи преку дилерски салон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK