Вадела бензин од резервоар со правосмукалка, ќе кренела цела бензинска во воздух (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возачка од местото Ешборн во Германија, кое е близу до Франкфурт, а има 55 години за малку ќе разнесеше бензинска станица откако се обиде да сипе бензин во својот дизел Vоlkswаgеn Pаssаt. Откако направила грешка и место дизел сипала обичен бензин се обидела грешката да ја поправи празнејќи го резервоарот со правосмукалка од автопералната.

Со оглед на тоа дека возела на резерва таа го наполнила резервоарот до максимум. Кога го вратила пиштолот на свое место на бензинската пумпа воочила дека место дизел налеала бензин.

Успеала да убеди случаен минувач да и помогне да го истурка возилото до автопералната на бензинската станица.  Успеале да пронајдат градинарско црево и решиле да го поврзат соедна од правосмукалките за самопослужување и така да го извадат бензинот од резервоарот.

Идејата не се покажала премногу блескава како што изгледало на прв поглед. Смесата од гориво и воздух предизвикала пламен и избувнал пожар, кој брзо ја зафатил правосмукалката, а после тоа и автомобилот.

Од огнот лесни повреди заработило момчето кое помагало на 55-годишната жена, а добил изгореници на едната рака. Вистинската трагедија била навреме спречена со брзата реакција на протипожарната екипа на Ешборн, која успеала да ги запре пламените јазици пред да стигнат до бензинската станица. Штетата од изгорениот Passat е проценета на околу 30.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK