Уште не регистриран го уништил својот нов Rolls Royce

ОБЈАВЕНО НА:

Не е за секого автомобил, особено не Rolls Royce. Ово особено важи за еден Индијец кој го уништил својот Rolls Royce, само неколку моменти откако го купил.

Главен актер во веста која ја пренесоа медиумите во Индија е неимеуван Индијец кој само што го купил најновиот модел Rolls Royce Ghost истиот го уништил удирајќи во ѕид во близина на Citizen Hotel Judu во Бомбај.

Локалната полиција соопшти дека веднаш по пријавата излегла на терен, а утврдиле дека автомобилот не поседувал регистарски таблички односно дека сопственикот-возач истиот го возел нерегистриран.

Всушност, автомобилот поседувал пробна (времена) регистарска табличка и истиот требало да се регистрира следните денови. Сепак несреќниот Индијец кој за овој автомобил платил речиси 900 илјади евра нема да може да го направи тоа пред да ги санира последиците од оваа сообраќајна незгода.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK