Турција со ригорозни мерки – За двапати минување на црвено се одзема возачката

ОБЈАВЕНО НА:

Турската влада работи на закон според кој возачката дозвола ќе биде привремено одземена ако возачот двапати мине на црвено светло на семафор. Ова го најави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, цитиран од весникот Хуријет. Засега неизвесно е дали ова ќе ги засега и странските државјани или станува збор само за казна што би ја добиле домашните учесници во сообраќајот кои ќе направат ваков прекршок.

“Во случај на повторно минување на црвена светло покрај парична казна ќе има и привремено одземање на возачката дозвола изјавил Сојлу. Неговата изјава е дадена за време на семинарот во Анкара насловен како “Безбедност на патиштата и патниот транспорт”.

Турскиот министер истакна дека 140 лица загинале во Турција во последните пет години, а 35.573 лица биле повредени поради минување на возачите на црвено светло на семафорите на сообраќајниците

Сојлу додал дека секој ден во Турција околу 20 лица се убиени поради сообраќајни незгоди, а овие несреќи ја чинеа државата околу 38,9 милијарди турски лири (околу 9 милијарди евра) годишно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK