Toyota продаде 15 милиони хибридни електрични возила – 120 милиони CO2 помалку во воздухот

ОБЈАВЕНО НА:

Во јануари во 2020 година Toyota го надмина бројот од 15 милиони продажби на хибридни електрични превозни средства (HEV) на светско ниво, откако Prius беше првпат пуштен во 1997 година.
Денес во Европа продажбите на HEV го имаат надминато нивото од 2,8 милиони со опсег на 19 различни HEV модели, кои се нудат од брендовите Toyota и Lexus, кои во 2019 година претставуваат 52% од вкупно реализираниот обем и 63% во Западна Европа. Општо земено, варијантите на хибридно електричните превозни средства на светско ниво во понудите на Toyota и Lexus достигнуваат 44.

Одлуката на Toyota да ги развие хибридните електрични превозни средства е земено пред повеќе од 25 години, кога Такеши Учијамада раководи со екипата за развој на автомобил за 21 век, кој ги намали емисиите на стаклени гасови и други загадувачи. Првата генерација на Prius е стартувана во 1997 година за време на потпишувањето на Протоколот на Кјото, кој дал нов бран во еколошкото движење.

Денес со 15 милиони продажби на хибриди подоцна, Toyota има значителен придонес за околината, со оглед на тоа што нејзината хибридна електрична технологија ги намалила емисиите на CO2 со над 120 милиона тони на светско ниво до овој момент во споредба со тоа што ќе беше доколку беа продадени толку бензинови автомобили.

Повеќе од две децении на непрекинат развој на електромотори, батерии и блокови за управување на моќноста ја научија Toyota како да управува и да ефективно да ја користи енергијата, оставајќи збир од електрифицирани опции за клиентите на Toyota и Lexus преку HEV, PHEV, BEVs и FCEV.

За да се реализира оваа визија за иднината на автомобилизацијата во Европа, Toyota планира да пушти 40 нови или актуелизирани електрифицирани превозни средства до 2025 година во сите технологии, вклучувајќи го и 10 ZEV.

 

Исто така добро е да се знаат и неколку моменти кои се поврзани со Toyota.

– Taa e пионер и лидер во областа на хибридните електрични технологии, Toyota направи пресек после 15 милиони хибридни автомобили продадени после пуштањето во 1997 година на амблематичниот Prius, првиот целосно хибриден сериски производен автомобил.

– Сега се нуди со 44 индивидуални модели во широк опсег од димензии и типови на возила, хибридната електрична технологија на Toyota ги намалува емисиите на CO2 со повеќе од 120 милиони тони низ целиот свет.

– Во Европа компанијата има продадено над 2,8 милиони хибридни автомобили, што и дозволува да биде водечки автомобилски производител во постигнувањето на целите на Европската Унија за намалување на CO2 во 2020 и 2021 година.

– Одлична за намалување на емисиите на CO2, хибридната технологија на Toyota исто така им дозволува на возачите да покријат на 50% од патувањата во и околу градот во режим на нулти емисии, предлагајќи достапен начин за подобрување на квалитетот на воздухот во градските центри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK