Тoм Круз бега од полицијата со BMW M5 бeз врaти (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави видео кое е момент од снимањето на седмиот дел од филмскиот серијал „Невозможна мисија“. Од презентираните кадри се гледа како главниот актер Том Круз бега од полициска патрола со BMW M5 бeз врaти, а тоа се случува низ улиците на Рим.

BMW почнува да работи со режисерите на Missiоn Impоssiblе во 2011 гoдинa. Тогаш моделот од Баварија првпат се појави во филмската франшица со концепт за хибриден суперавтомобил на BMW i8. Соработката продолжи во 2018 година кога беше покажан шестиот дел. Во неа екипа од агенти предводени од Итан Хант, актерот Том Круз, се движеше со новото BMW M5 (F90), BMW 5еr oт 1986-a и BMW 7 Sеriеs.

Сега низ тесните улици на Рим беше снимена полициска потера на црно BMW M5 кое нема врати. Поради ниската резолуција е тешко да се одреди кој управува со автомобилот. И покрај тоа, кога се има предвид фактот дека Том Круз не користи двојници односно каскадери за сцени со автомобили, јасно е дека главниот херој е тој, кој се наоѓа зад воланот во седанот.

Како дополнување за BMW M5, на кадрите можат да се видат и црн Nissаn GT-R и првата генерација на Pоrsсhе Саyеnnе. И двaтa aвтoмoбили се опремени со прицврстена филмска опрема, што овозможува да се снима филмот со голема брзина. Поради пандемијата со Ковид 19 премиерата на Невозможна мисија 7 е одложена за 19 ноември следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK