И тоа го има – Lada што чини 20.000 долари (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Спомнувањето на името на Lada секогаш асоцира на евтин автомобил, не многу издржлив и поврзување со Русија. Но, и Lada може да биде скапа, и во фабриката во Толјати постојат ограничени серии на одредени модели кои се ретки, па затоа и при продавање држат цена.

Во Толјати се продава ретко возило Lada Revolution. Се работи за спортски автомобил, произведен во периодот 2004 – 2006 во ограничена серија. Колата беше направена за тркање во натпреварување создадено специјално за неа.

Моделот од тип спајдер бил произведен од оделот на “Торгмаш-моторспорт”, што потоа беше преименувана во Lada-Sport. Сѐ вкупно се произведени дваесетина автомобили од кои во моментот во возна состојба се наоѓаат 7-8.

Спортската Lada Revolution е долга 3650 мм., широка 1750 мм., и висока 1200 мм., а тежи 670 кг. Оваа Lada има 1.6-литарски мотор со моќност од 162 КС. и 6-степен механички менувач.

Автомобилот е со број на шасија 019 и е во одлична состојба. Заради малкуте сочувани возила од овој модел цената е доста висока за рускиот автомобил – речиси 1,2 милиони рубли (околу 20.000 долари).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK