Тие се подобра инвестиција и од недвижности – возила што може да ви донесат само ќар!

ОБЈАВЕНО НА:

Иако недвижностите важат за релативно стабилна инвестиција, сепак инвестирањето во возила знае да биде многу подобра инвестиција. Вистински доказ за тоа е германската компанија Mechatronik која се занимава со продажба на возила.

Така оваа компанија пред три години понуди четири автомобили во својата понуда, а денес цената на истите значително е зголемена.

Така Mercedes-Maybach S650 Cabriolet кој е произведен во се на се 300 примероци, денес се продава 301.600 евра додека почетната цена пред неколку години изнесувала 250 илјади евра. Голем пораст на цената има кај Mercedes AMG G63 6×6. Ова возило во 2009 година се продаваше по цена од 451 илјади евра, а денес, со само 230 поминати километри се продава за неверојатни 1.011.500 евра.

Голем напредок има и кај моделот Porsche 911 R кој од 189.500 евра пред неколку години, денес се продава за околу половина милион евра.

Одлична инвестиција се и олдтајмерите кои поради нивната се поголема популарност бележат голем пораст на цените.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK