Tesla Roadster излезе од орбитата на Марс

ОБЈАВЕНО НА:

Илон Маск на 7 февруари го прати сега веќе добро познатиот Tesla Roadster во вселената, а камерите кои се прицврстени за возилото емитуваа движење неколку часа. Притоа испратија незаборaвни снимки од планетата земја пред да се изгасат.

Куклата Starman, која патува низ вселената и Tesla Roadster сега веќе се далеку од дома, со оглед на тоа што компанијата Space X објави дека Falcon Heavy излезе од орбитата на Марс, па ќе помине уште многу време пред Starman да се најде повторно во близина на Земјата.

Оние кои сакаат и понатаму да бидат во тек со движењето на првото возило кое се најде во вселената тоа може да го направат преку интернет страната Whereisroadster.com, која ја креираше инженерот Бен Пирсон.

Кога Falcon Heavy беше лансиран во вселената овој млад вљубеник во работите во вселената забележа дека корисниците на социјалните мрежи поставуваат многу прашања, кои често остануваат без одговор. Дел од нив се однесуваат на следењето на вселенскиот пат на Tesla Roadster. Токму поради тоа одлучил да пронајде одговори на сите поставени прашања и креирал интернет страна која ќе им даде одговори на сите и на тој начин ќе се подели со сите луѓе.

Научниците проценуваат дека куклата која е низ вселената ќе се доближи до земјата дури за две години. На 4 ноември во 2020 година ќе биде одалечена од земјата преку 50 милиони километри, а на земјата навистина би и се приближила дури во 2091 година. Некои стручњаци тврдат дека би можела да остане во вселената милиони години, но под услов да не се сруши на Венера, на Земјата или дури и на Сонцето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK