Телефонски батерии место акумулатор: Ќе запали ли автомобилот? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Секој нов ден носи и нови моменти околу напредокот на електромобилите, a еден интересен експеримент даде одговор на прашањето дали батерија за мобилен телефон може да го замени акумулаторот на автомобилот.

Експериментот беше направен од страна на членовите на Garage 54, кои купиле 100 чисто нови батерии со моќност на струја од 10 ампери. Истите ги поврзале во ланец.

За да можат да се користат во новата улога, батериите од телефоните имаат претрпено мало преправање. Сопственикот на Garage 54, Влад и неговите луѓе ги расклопуваат батериите и ја тргаат заштитата од преоптоварување. Стартерот во тест автомобилот е најпознатиот од “Жигули”.

Готовата „инсталација“ е монтирана во багажникот, каде што исто така се остранети и енергетските кабли. Како и обично, експериментот завршува со успех и покрај чадот од спојките и потрошувачката, кои неколкупати ја надминуваат цената на нов акумулатор.