Студијата вели … Малите автомобили се помалку безбедни и повеќе смртоносни

ОБЈАВЕНО НА:

Последните резултати од спроведената студија на IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) покажуваат дека малите автомобили имаат поголема стапка на смртност, а со тоа се помалку безбедни и повеќе смртоносни.

Вкупно 15 од 20 модели со највисок степен на смртност за 2017 година биле мали и мини автомобили. Студијата исто така покажува дека мини автомобилите имаат највисока стапка на смртност и тоа од 82 на милион регистрирани возила. Само за спроедба големите SUV модели имаат само 15 на милион регистрирани возила.

Од опфатените автомобили во студијата, се открива дека досега никој во Volkswagen Golf нема загинато додека стапката на смртност на Ford Fiesta изнесува 141 лице на еден милион. Висока е стапката и кај Hyundai Accent 116 на милион, Chevrolet Sonic, 98 на милион и Nissan Versa Note од 96 на еден милион.

Моделите произведени во 2017 година имаат просечна смртност од 36 на еден милион што е за шест повеќе од тие од 2014 година односно осум во однос на моделите од 2011 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK