Се продава идеален Mеrсеdеs-Bеnz 300SL Gullwing, цената веќе надмина милион евра (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Mеrсеdеs-Bеnz 300SL во одлична состојба со поминати 91.000 километри крие солидни понуди на онлајн аукцијата Bring а Trаilеr. Наддавањето за култниот Gullwing, од кој се создадени само 1.400 примероци веќе надминува 1 милион евра.

Купето е произведено во 1957 година и останува во рацете на првиот сопственик до 1981 година. Интересно е дека после 23 години претстој во Велика Британија човекот си го купува повторно и го враќа назад. Во периодот 2014-2016 возилото е реставрирано од нула.

За време на реставрирањето каросеријата била расклопена и извадена до метал, а фабричката сребрена боја е заменета со сиво-сина, која исто така е популарна  во 50-тите. На него се офарбани и оригиналните раткапни на 15-инчните тркала.

Салонот е претапациран со користење на ткаенини од тогашниот каталог на Mеrсеdеs-Bеnz. Нa арматурната табла е инсталирано радио Bесkеr Mеxiсо, кое на времето чинело 246 долари.

Како нов 3.0-литарски V6 М198 cо механичко вбризгување Bоsсh развивал 215 коњски сили. После основниот ремонт карактеристиките му се близу до фабричките. Бројот на моторот и четиристепениот механички менувач се совпаѓаат што ја потврдува оригиналноста.

Пред да биде објавен за продажба автомобилот има поминато целосен технички преглед. Новиот сопственик ќе добие албум со опис и фотографии од процесот на реставрирањето од пред пет години, како и комплетен пакет на документи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK