СРЕЌА: По 28 години му го вратиле украдениот мотоцикл

ОБЈАВЕНО НА:

Едицијата “Верувале или не” се збогати за уште еден случај – му го вратиле украдениот мотоцикл по цели 28 години. Оваа несекојдневна случка доаѓа од САД каде Џонатан Хагинс на 17 години останал без својот мотоцикл Kawasaki KX.

Локалната полиција од Хартфорд, мал град лоциран во сојузната американска држава Конектикат веднаш започнала со потрага, но истата не резултирала со успех. Годините минувале, Џонатан се откажал од надежта дека неговиот мотоцикл ќе биде вратен, но не се откажувала локалната полиција.

Таа по речиси три децении успеала да го затвори случајот и тоа со поволен исход за Џонатан – неговиот мотоцикл е успешно пронајден.

Со оглед на тоа што Џонатан е сопственик на сервис за мотоцикл, тој веќе и започна со реставрација на овој мотоцикл.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK