Специјално за рускиот врв: Нов кабриолет за парада на Црвениот плоштад

ОБЈАВЕНО НА:

Долгиот список на автомобили за руската државна и политичка елита ќе биде зголемена и за параден кабриолет, кој ќе биде користен за посебни церемонии на Црвениот плоштад. Иако од НАМИ (Централен научноистражен институт за автомобили) не коментираат ништо за овој автомобил, претставник на проектот „Кортеж“ ја потврдува информацијата за парадниот кабриолет.

Возилото ќе се користи при парадите и другите церемонии на рускиот врв. Дизајнот уште не е целосно решен и ќе треба да се довршува, а во моментов се бара компанија која ќе го изработи мекиот движечки кров.

Во моментов на Црвениот плоштад се користат хибридни возила со западна механика и руски дизајн, кој наликува на класичните кабриолети на ЗиЛ. Инаку, кабриолетите се изградени на шасија од GMC Sierra од компанијата Атлант-Делта на Олег Дерипаско.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK