Сопствениците во карантин – возилата останале на трупчиња

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе добиете препорака или морате да бидете во карантин тогаш единствено каде можете да шетате е вашиот дом и дворот, доколку го имате. Нема возење автомобил, велосипед, нема излегување од домот. Во таква ситуација автомобилот останува паркиран до следното седнување, односно најмалку две седмици. И крадците веднаш смислиле како да профитираат.

Последниот пример доаѓа од Украина каде на повеќе скапи возила им биле украдени тркалата, и истите биле оставени на трупчиња, односно цигли. Имало повеќе примери но најмногу внимание привлекле неколку скапи модели: Porschе Cayenne, Jaguar XF и Honda Accord.

Оставени на улица, на отворено, возилата се идеални за крадците кои имаат доволно време дури да решат што ќе украдат. Престапите биле регистрирани во различни региони, и тоа на паркинзи што не се обезбедени, односно пред зграда и места каде нема чуварска служба.

На социјалните мрежи веќе има шеги дека тркалата се намерно извадени за да не може нивните сопственици да излегуваат од карантин, а други тврдат дека на овој начин им се помага на сопствениците да ги заменат зимските гуми со летни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK