Сообраќајна контрола – кои се вашите права и обврски?

ОБЈАВЕНО НА:

Контролата во сообраќајот е сосема нормална работа, понекогаш и многу честа, аполицијата ја врши зарди утврдување дали ги поседувате соодветните исправи и дали ги исполнувате другите услови согласно прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата. Но, дали знаете кои се вашите права и обврски ако ве сопре полиција и треба да изврши проверка на исправите?
Важно е да знаете дека доколку ве сопре полиција треба да останете во вашето возило, и на службеното лице кое од вас ќе побара да му ги покажете сите потребни исправи.

Контрола на сообраќајот се врши на патиштата, возилата, возачите и другите учесници во сообраќајот и тоа со набљудување на возилата во движење или со нивно запирање и задржување на погодни места на патот. Контролата најчесто се врши на делници и места на патот на кои зачестено се случуваат казниви дела со кои се загрозува неговата безбедност.

Сообраќајната контрола е составена од двајца полициски службеници. По исклучок , дење и во услови на редок сообраќај, контрола на сообраќајот може да врши и еден полициски службеник.

При вршење на контролата, возачот е должен да му покаже на полицискиот службеник  важечка сообраќајна дозвола, односно важечка потврда за пробно возење. Исправите  полицискиот службеник ги бара и кога е потребно да изврши увид врз бројот на шасијата на возилото. При увидот, полицискиот службеник ги споредува податоците на возилото со соодветните податоци во сообраќајната дозвола, односно потврдата за пробно возење.

Полициските  службеници  вршат  контролни  прегледи  на  уредите  и  опремата  на возилото, заради утврдување на нивната техничката исправност, согласно прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата. Заради утврдување дали товарот во возилото е правилно распореден и сместен, дали одговара на пропишаната носивост и димензии, како и дали ги загрозува или попречува другите учесници во сообраќајот, полициските службеници вршат контрола и преземаат потребни мерки за отстранување на утврдените неправилности.

Полицискиот службеник може и да не ви дозволи да управувате со возилото ако утврди дека:
1. управува или се обидува да управува со возилото со алкохол во организмот или покажува знаци на алкохолна растроеност, односно дека се наоѓа под дејство на опојни дроги, психотропни супстанции или на други лекови на кои е означено дека не можат да се употребуваат пред и за време на возењето;

2. е заморен, болен или очигледно е во таква психофизичка состојба поради која е неспособен безбедно да управува со возилото;

3. управува со возилото, а не му е издадена возачка дозвола или истата е издадена за друга категорија возила;

4. управува со возилото, а не користи или ги нема при себе помагалата наведени во возачката дозвола и

5. кандидатот за возач не ги исполнува условите што се пропишани за кандидатот кој се оспособува за возач на возило на моторен погон.

Освен да добиете опомена, или патен налог за глоба за направен прекршок, полицијата може дури и да ве исклучи од сообраќај. Исклучување од сообраќајот на возач во, се врши на еден од следните начини:

– возачот се исклучува од сообраќај, а возилото се задржува додека возачот не најде друго лице – возач кој ќе го одвезе возилото;

– ако возачот се спротивставува на полицискиот службеник, одбива да се подложи на испитување, не сака да го прекине управувањето со возилото, продолжува со вршење на прекршокот или одбива да ги предаде возачките исправи, се превземаат пропишани мерки заради утврдување на неговиот идентитет и се предава на здравствена установа заради утврдување на алкохол во организмот или дејство на дроги или други психотропни супстанции или лекови, а неговото однесување се документира во барањето за поведување на прекршочна постапка со посочување на сведоци и други доказни материјали;

– ако во возилото се наоѓаат малолетни лица, стари или болни лица и во други случаи кога ќе се оцени дека тоа е потребно, се преземаат мерки овие лица да се згрижат и

– доколку во возилото има и друго лице – возач кој не е под дејство на алкохол, може да му се дозволи да го одвезе возилото.

Исклученото возило , се остава на безбедно место каде што е извршена контролата, а клучевите му се даваат на возачот. Меѓутоа, ако е очигледно дека возачот нема да ја почитува наредбата и повторно ќе управува со возилото, истото се сместува на безбедно место (во кругот на објектот на Полицијата, на паркинг или во кругот на друг соодветен објект или слично), клучевите се одземаат, а на возачот му се соопштува кога и каде да се јави за превземање на клучевите и возилото.

Возач кој управува со возило, а не му е издадена возачка дозвола или управува со возило од категоријата што не е означена во возачката дозвола, се исклучува од сообраќај, додека не се доведе друго лице – возач за да го преземе возилото. Возач кој управува со возило и во моментот на контролата кај себе нема возачка дозвола, се исклучува од сообраќај се додека низ соодветна постапка не се утврди дека истата ја поседува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK