Со нов рекорд: Jeep Grand Cherokee Trackhawk е најбрз и на лед

ОБЈАВЕНО НА:

Grand Cherokee Trackhawk најбрзиот SUV на Jeep и еден од најбрзите во светот успеа да постави и брзински рекорд кога е во прашање возењето на лед.

Овој брзински рекорд овој SUV го постигна во рамките на Ice Motor Sports фестивалот кој се одржа во близина на рускиот град Иркутс, на самото Бајкалско езеро.

На овој традиционален фестивал, овој “ѕвер” на Jeep успеа да постигне брзина од 180 км/ч, а најзаслужни за тоа беа возачите од Рускиот авто клуб.

Тие оваа брзина ја постигнаа на патеката долга 12 километри, а овој најмоќен модел на Jeep под хаубата располага со 6.2 литарски V8 мотор кој испорачува 710 КС.

Претходно, овој SUV го доби епитетот “најбрз” во светот откако до 100 км/ч забрза за 2,3 секунди, при максималната брзина од нешто над 322 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK