Со најдоброто СУВ возило заглавија во кал (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Љубителите на офроуд од Тексас се најдоа во небрано откако со рускиот „Шерп“, кој е возило за на снег и важи за „најдобриот СУВ во светот“, се заглавија во длабока кал. Возилото се најде во тешка позиција бидејќи не можеше никако да се извлече од калта, па мораше со помош на сајла да излезе на суво.

Се работи за машина која има 63-цолни тркала, а е изработена од страна на Алексеј Гарагашјан. Главна карактеристика на „Шерп“ се патентираните гуми со низок притисок без брегасти оски и специјален систем за контрола на притисокот суспензијата. Гумите на ова СУВ возило се поврзани меѓу себе со воздушни канали.

Брзината на протокот може да се прилагоди до целосно затворање, кое едновремено ја подобрува деформацијата на тркалата при преминување на пречките на патот и делумно ја заменува суспензијата.

Возилото има јапонски дизел мотор Kubota со обем од 1,5 литри и моќност од 44 коњски сили. Опремен е со петстепен рачен менувач. Максималната брзина на сув пат е 45 км/ч, а во вода 6 км/ч.

Висината на „Шерп“ е 600 милиметри, а тоа му дозволува да минува над бетонски блокови. Опремата вклучува тенда, халогени фавори, 58-литарски резервоар и безбедносен лак.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK