Со дронови ќе се ловат опасните возачи и уличните тркачи

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Лондон изнајде одличен начин за искористување на современата и напредна технологија за исполнување на своите примарни цели. Како што пренесува Autoexpress, лондонската полиција во својата служба ќе ги воведе дроновите кои ќе помогнат за полесно ловење на несовесните возачи како и уличните тркачи.

За таа цел веќе е формирана екипа за управување со дроновите, а во оној момент кога ќе биде евидентирано одредено прекшување на сообраќајните правила со помош на GPS веднаш ќе биде алармирана најблиската патрола.

Претходно и други големи градови најавија дека ќе воведат дронови за регулирање и надгледување на јавниот ред и мир, а очекувањата се дека во наредните 10тина години полицијата во многу градови ќе ги користи дроновите како своја основна опрема.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK