Со 200 km/h Tesla се заби во Infiniti

ОБЈАВЕНО НА:

На YouTube се појави видео снимка од страотна сообраќајка која се случи на 21 октомври минатата година во Мајами, САД.

На снимката се гледа како 38 годишниот Хозе Мануел Сото, возач на Tesla S со брзина од 200 км/ч поминува раскрсница на црвено и со околу 150 км/ч се забива во Infiniti кој полукружно ја поминува раскрсницата на зелено светло.

Иако моделот S на Tesla бил опремен со систем за избегнување на судир, сепак поради брзината овој систем не се активирал навремено, но и покрај тоа, во сообраќајката возачот на Tesla завршил со сериозни повреди, додека оној на Infiniti со неколку повреди на главата и фрактури на телото, потврдува Ернесто Родригез, портпаролот на полицијата во Мајами.

Против Мануел Сото веќе е покренето обвинени и овој месец се очекува разврската.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK