И Шекил O` Нил си најде автомобил по мерка

ОБЈАВЕНО НА:

Немате многу избор при купување автомобил ако сте висок 216 см. и тежите 156 кг. Но, доколку вие сте Шекил О` Нил тогаш сигурно ќе можете да си дозволите да платите и нешто поскапо, за да можете да го управувате.

Во потрага по автомобил што ќе ги задоволи неговите потреби, и ќе биде според неговите габарити, легендарниот НБА кошаркар дојде до камионет на Ford F-650 кој според димензиите му овозможива на кошаркарот комотно да се смести на возачкото седиште.

Во однос на стандардната верзија на ова возило што во САД чини околу 56.000 долари, моделот што го доби О`Нил има одредени модификации направени според негов избор, и украсни додатоци како хромирани елементи на каросеријата и затемнети стакла.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK