Се сеќавате ли на Jensen FF? Произведени биле само 320 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Малку познат и за љубителите на олд-тајмери, производителот Jensen завземаше значајно место во британската автомобилска инустрија во 60-те години на минатиот век. Доста привлечен автомобил беше моделот FF кој се произведуваше во периодот од 1966 до 1971 година.

Должината на овој автомобил изнесува 4,851 мм, висината 1,397 мм, широчината 1,753 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,769 мм. Во однос на мотористиката овој автомобил под хаубата доаѓ со 6,3 литарскиот V8 мотор и три степен автоматски менувач. Произведени се и неколку примероци со 7 литарски бензински Хеми мотор позајмен од Chrysler, но овие автомобили не биле наменети за продажба.

Jensen FF се произведувал само во верзија со управувач на десната страна, оттука неговата продажба била лимитирана. И покрај тоа, во изборот на европски автомобил на годината овој автомобил во 1967 година заврши на третата позиција, зад Fiat 124 кој беше победник и BMW 1600.

Иако не доживеа комерцијален успех, поради цената која беше за 30% повисока од моделот Jensen Interceptor, овој автомобил зазема значајно место кај екстремните колекционери на стари автомобил. Вкупно биле произведени 320 примероци, но голем дел од нив не се сочувани до денес. Затоа овој автомобил важи за еден од најретките од тој период.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK