Се продава – Volvo V70 во тенковска изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Што е потребно за вашиот автомобил да го претворите во тенк? Желба, време и малку лудост. Сето ова го поседуваше еден Швеѓанец кој својот автомобил од 90-те години го претвори во подвижен тенк на четири гуми.

При тоа сопственикот на овој автомобил истиот го огласи на eBay. Финансиските средства добиени од продажбата на овој автомобил ќе бидат донирани во добротворни цели, а огласувачите сметаат дека цената на овој автомобил ќе ја надмине сумата од 10 илјади американски долари.

Во огласот не се откриваат многу технички информации, а наведено е дека во овој автомобил работи се совршено и одлично.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK