Се продава реплика од автомобилот од “Враќање во иднината” – се бараат 500.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

DeLorean е компанија која кај нас е позната по моделот DMC-12 кој ја имаше главната улога во серијалот играни филмови “Враќање во иднината”. Токму овој модел беше еден од најпопуларните автомобили во 80-те години во САД, но поради банкротот на компанијата не прежива долго време.

Токму реплика на овој модел, целосно инспириран од филмот се најде на аукција. Визуелно, овој автомобил во целост идентичен како и оној примерок од филмот. Истото се однесува и во внатрешноста која потсетува на временската машина.

Под хаубата доаѓа со 2,8 литарски V6 мотор како и три степен автоматски менувач. Тука се препознатливите фелни и гулвинг врати.

Проценетата аукциона вредност на оваа реплика изнесува 500.000 долари, што е идентично како и оригиналниот примерок кој беше дел од филмот, а кој во 2011 година на аукција беше продаден за 541 илјади долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK