Речиси нов – Fiat Uno од 1996 година со само 900 поминати километри се најде на продажба.
Станува за примерок кој е произведен пред 24 години во полскиот град Тичи. Располага со 1,0 литарски мотор кој продуцира максимални 45 КС впаруван со 5 степен мануелен менувач.
Сосема очекуван, како надворешноста така и внатрешноста е во целост сочувана. Тука се сите оригинални, фабрички делови, а единствено променети се гумите.
Огласувачот Sportscars4you во чија сопственост е овој автомобил за него бара 5.900 евра што е релативно малку за речиси ново Uno.
Инаку овој модел за прв пат започна да се произведува во Торино, Италија во 1983 година, а неколку години подоцна стартуваше производството во Јужна Америка, Филипини, Мароко и Југославија.

Следете не и на:

