Се обидуваше 8 минути да го паркира автомобилот и на крајот се откажа!

ОБЈАВЕНО НА:

Паралелното паркирање знае да биде доста кошмарно. Доказ за тоа е последното видео кое ни доаѓа од Велика Британија каде за сега неименувана жена безуспешно се обидува да го паркира своето возило Honda Civic.

Како што може да се забележи од видеото снимено од безбедносните камери, жената, точно 8:26 минути се обидува да го паркира своето возило, паралелно помеѓу два автомобили кои се доста одалечени. На помош доаѓа и случаен минувач кој исто така  безуспешно го паркира возилото.

На крајот, возачите потклекнуваат под предизвикот и заминуваат од местото.

Ако имате време можете да видите како течеше обидот на возачот да го паркира возилото, а можете и малку да се посмеете.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK