Само во Русија – SUV возило од бетон

ОБЈАВЕНО НА:

Кога збориме за Русија, она што прво не асоцира е водка, а потоа и Lada, зима, но и лудоста на русите.

Ова последното се чини дека го има во изобилие, а особено е интересно кога нивната лудост (во позитивна смисла) ќе се искомбинира со нивната креативност. Последно нешто што е комбинација на лудоста, креативноста и автомобилскиот ентузијазам е бетонскиот SUV.

Станува збор за UAZ теренско возило кое е претворено во подвижен бетонски теренец. Целата каросерија е обложена со бетон што му дава дополнителна цврстина, но и разорна моќ еднаква на тенк.

Дали можеби ќе влезе овој прототип во сериско производство и наскоро ќе биде воведен во армијата на Русија останува да видиме по одлуката на надлежните.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK