Решение како да запре крадењето на знаци

ОБЈАВЕНО НА:

Балканот не е единственото место во светот каде сообраќајните знаци исчезнуваат поради интересни причини. Американците имаат нула култура кога е во прашање подготовка на зимница во двор, но и покрај тоа само во главниот град Вашингтон во последните две години биле украдени 608 знаци.

Најголемиот дел од исчезнатите знаци се бројките 69 и 420. Популарноста на првото е очигледна и многумина го поврзуваат со истоимената секс поза. Другата бројка се однесува на 4:20 или 4/20 што е жаргонски израз користен како симбол за канабис културата и употребата на марихуана.

За да го спречат крадењето на овие знаци од сообрачајните служби најчесто не ги монтирале овие знаци кои означуваат 69 и 420 милји на патиштата. Тој метод не функционираше на подалечни локации каде што точното растојание понекогаш е единствениот сигурен начин да се пронајде потребниот пат.

Службениците во Стејт департментот за транспорт пронајдоа начин да ги заштитат знаците. Наместо 69 и 420 на нив во иднина ќе бидат испишани бројките 68,9 и 419,9.

Решението не е ништо ново бидејќи во Колорадо каде во 2014 година беше легализирана употребата на марихуана за рекреативни цели натписот на табелата на 420-тата милја од меѓуградскиот пат I-70 е сменет со 419,99 уште тогаш.