Рекорд или.. Минал над 1.440 км без да го надополни своето дизел BMW 7 Series (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Жителот на Англија, Џој Ачилис, кој редовно објавува видео снимки на својот канал на YouTube, демонстрираше колку може да биде ефикасен еден вистински флагман во лицето на трилитарската дизел 7 Series на BMW и тоа во долгата 730 Ld верзија.

Со првичниот план да се помине растојанието од Лондон до Барселона без да се дополнува за време на патуваето, но во позадина на актуелната ситуација со Ковид 19 во Велика Британија, Ачилис ја смени траекторијата на својата авантура со значително посложена за објаснување на територијата само во Велика Британија.

После нешто повеќе од 14 часа и 23 минути зад воланот и откако се возеше повеќе од 20 километри со нула автономија по борд системот.

Ачилис поставува крај на својата нестандардна иницијатива со изминати 900,8 милји (1449 километри) и компјутерски регистрирана средна потрошувачка на гориво од 52,7 mpg или околу 4,5 литри на 100 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK