Реклама за Toyota Supra стои на билборд 27 години – ова е причината

ОБЈАВЕНО НА:

И додека една година по промоцијата на петтата генерација на Supra, Toyota активно работи на промоција на овој новитет, реклама од старата Supra веќе 27 години стои на еден билборд во Сан Франциско.

Токму тоа што толку години на овој билборд е изложена рекламата за четвртата генерација на овој модел пробуди интерес кај специјализираниот магазин за автомобилизам TheDrive кој истражи што всушност се крие за ова.

Редакцијата на магазинот стапила во контакт со компанијата Clear Channel Outdoor во чија сопственост е овој билборд. Нивниот регионален претседател Боб Шмид открива дека зад оваа реклама не се крие воопшто љубовта кон овој модел на Toyota, а ниту пак Toyota го има закупено билбордот сите овие години. Причината зошто оваа реклама стои на овој билборд е од финансиски причини. Имено тој наведува дека тој билборд е наменет за реклама со техника на фарбање, а не како денес на винилна технологија.

Оттука, отстранувањето на оваа реклама чини многу, а и аплицирањето на нова реклама исто така е многу скапо за денешни услови, кога конкуренцијата е многу голема, а цените со винилна технологија далеку пониски.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK