Range Rover искачи 999 скали на „Вратата кон рајот“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Хибридната верзија на Range Rover Sport успеа да искачи дури 999 скали на прочуената „Вратата кон рајот“ на планината Тијанмен во Кина. Скалите се под агол од 45 степени, а искачувањето беше навистина голем предизвик.

Зад управувачот на возилото Range Rover беше победникот од трката „24 часа Ле Ман“ во категоријата LMP2, Хо-Пин Тунг. Пред да се најде пред „Вратата кон рајот“ тој со возилото минал низ 99 свиоци така што имал убав вовед во искачувањето на големиот предизвик.

Range Rover Sport ја пушти хибридната верзија на Sport минатиот октомври. Автомобилот има четирицилиндричен бензински мотор со моќност од 300 коњски сили и електромотор со 116.

Електромоторот има поддршка со јон-литиумови акумулатори со камацитет од 13.1 кВтч. Системската моќност се пренесува кон тркалата преку осумстепената автоматска трансмисија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK