Рамбо Амадеус заплови со „Бока“ – прв соларен едреник

ОБЈАВЕНО НА:

Едрилицата на соларен погон „Бока“ сопственост на рок музичарот Антонио Пушиќ, кој е многу попознат како Рамбо Амадеус беше лансирана при регатата „Херцег Нови турнеја во едрење“. Проектот за изградба на едрилицата траел три години, а Рамбо со поддршка на UNDP проектот „Развој на нискокарбонски туризам“ го обнови бродот кој беше стар цел век и го претвори во соларен едреник.

Едрилицата на соларен погон ја движи исклучиво сончевата енергија. На палубата има соларни панели, батериите се полнат на сонце цел ден, а моторот служи само за впловување и испловување и тоа понекогаш.

Како што се наведува, брзината на движење на бродот со помош на батериите е четири часа при полна брзина од пет јазли.

„Овој соларен едреник е едноставно кажано, прототип на моите соништа. Да се едри со брод дизајниран пред повеќе од 100 години, а кој е брз еднакво како денешните модерните едреници, ми се наметна како предизвик. Замислив ад направам број кој е многу сигурен, удобен и на немирно море, а најмногу од сми се наметна како предизвик. Замислив ад направам број кој е многу сигурен, удобен и на немирно море, а најмногу од сè бев воден со идеја да пловам без трошоци“, рече Рамбо Амадеус.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK