Првиот руски автомобил се продава за 1,8 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

На сајтот за продажба на користени возила Avito.ru се појави објава за продажба на автентичен примерок од првиот сериски автомобил Руссо-Балт С-24/30. Првиот примерок на кабриолет од овој модел се појавува на 26 март во 1909 година од Руско-Балтичката фабрика за вагони во Рига и со него почнува автомобилската индустрија во Руската империја.

Цената на оваа антика со поминати едвај 1000 километри е 1,76 милиони евра.

Руссо-Балт С-24/30 е опремен со 4,5-лиарски четирицилиндричен мотор со моќност од 30 коњски сили и тристепен менувач. Картерот на моторот и трансмисијата се изработени од алуминиум. При првото патување автомобилот има поминато 573 километри од Рига до Санкт Петербург и тоа за осум часа.

Понудениот автомобил за продажба има кожен тапацир, електрични фарови, дрвени кутии за инструменти, шофершајбна, а тоа се делови кои не биле монтирани на првите примероци од моделот.

Автентичноста на кабриолетот буди одредени сомнежи. Според официјалните податоци од Моделот C биле произведени 347 примероци, но ниту еден не успеал да „преживее“ до денес.

Практично единствениот зачуван оригинален Руссо-Балт (К12/20) е од 1911 година и тој се наоѓа во техничкиот музеј во Москва. За други автомобили од овој бренд не постојат податоци дека постојат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK