Прекината продажбата на BMW i3 поради ниски и лесни жени

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Баварија, BMW одлучи да ја прекине продажбата на возилата i3, а причината е во ниските жени. Резултатите спроведени од страна на NHTSA при краш тестовите на електромобилот покажале дека колата е опасна доколку зад воланот седи возач понизок од 152 сантиметри или полесен од 50 килограми.

Според она што е добиено од резултатите при директен удар има голем ризик од повреди во областа на вратот и на градите, но само во ситуација кога возачот е низок и лесен и нема ставено заштитен каиш. На ова е поставено прашањето зошто е правен краштест со возаш без каиш?

Одговорот на ова е дека, каишот не е задолжителен во сите земји. На пример во Њу Хемпшир локалните закони велат дека доколку лицето има наполнето 16 години не мора да има врзано каиш.

Досега во САД се продадени 30.000 вакви автомобили, а според истражувањата групата на ризични е сведена на 735 лица. Сепак, од BMW се решени да ги отстранат проблемите и затоа во моментов продажбата е запрена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK