Повеќе од играчка – Bugatti Chiron од лего коцки (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Веста за целосно функционалниот Lego Bugatti Chiron минатата година беше голема вест на Интернет и се рашири со брзина на молња. Овој пат, има интересни информации за 1.500 килограми тешкиот Chiron (Lego/technic), кој е способeн да се движи со брзина до 20 км/ч.

За прв пат, ова е самостоен функционален модел na Lego во вистинска големина. За неговата конструкција, не се користела ниту една капка лепило. Автомобилот е опремен со целосно функционален систем за возење.

За неговото производство биле искористени 1 милион делови од Lego Technic, а потребни биле 13.438 работни часа. Дури и шасијата на автомобилот е направена од Лего, заедно со делови споени во триаголник. Од левата страна е управувачот, таблата со инструменти, седиштето и дури и брзиномерот. Покрај тоа, предните и задните светла се функционални, како и активниот спојлер.

Срцето на Chiron не е оригиналниот шестнаесет цилиндричен мотор со четири турбополначи, но нешто сосема поинакво. Се напојува со 2.304 електрични мотори развиени во Lego Technic, кои теоретски генерираат моќност од 3.9 kW (5.3 hp) и 9.3 Nm вртежен момент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK