Португалија го има клучниот ресурс за развој на електричните автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Големата популарност и се поголемата побарувачка за електрични автомобили придонесе преку ноќ литиумот да биде најбаран ресурс на планетата Земја.

Вистинска “литиумска грозница” последните месеци владее во Португалија. Во оваа најзападна европска земја, бројни компании побарале дозвола за ископување на овој алкален метал, а голем е бројот на диви копачи кои ја копаат португалската земја со цел да стигнат до овој метал.

Првиот голем рудник за ова т.н. бело злато ќе го отвори британската компанија Savannah Resources која во 2020 година и официјално ќе започне со ископување на најголемиот рудник за литиум во Европа. Од компанијaта наведуваат дека во рудникот Mina do Barroso се наоѓаат 20.1 милион тони руда.

25 километри посеверно во соседната општина Монталегре, португалската компанија Lusorecursos тврди дека открила 30 милиони тони руда која исто така се планира да се ископува во текот на 2020 година.

Сепак ова руда е со од 1.03% до 2.1% чист литиум, што не е мал удел. Во меѓувреме надлежните институции веќе доделија стотина дозволи за ископување, а голем интерес има од бројни компании ширум светот.

Image result for lithium battery car

Се претпоставува дека во Португалија има околу 200 милиони тони литиум со што се сместува оваа земја меѓу најголемите наоѓалишта на овој метал. Во моментов најголеми производители се Австралија, Чиле и Аргентина, а листата од топ 5те земји според производство на литиум ја сочинуваат уште и Кина и Зимбабве.

Инаку овој метал е основна суровина која се користи при производството на батерии за автомобилската индустрија. Според потпретседателот на Европската комисија за енергетика Марош Шефчович, до 2025 година европскиот пазар на батерии ќе вреди околу 250 милијарди евра годишно.

Токму оттука и големата заинтересираност за овој метал како на европско тло така и во останатите земји од светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK