Помага ли јадење лук ако сте пијан за да ја излажете полицијата?

ОБЈАВЕНО НА:

Одите на прослава и малку сте се заборавиле па сте „натегнале“ некоја чашка повеќе. Ништо страшно, но треба да возите автомобил до дома! И сега што ќе правите. Такси или ќе ризикувате? Постојат многу размислувања и наводни „трикови“ како да се прејде полицијата доколку ве сопре и побара од вас да се тестирате дали возите под дејство на алкохол.

Едно од верувањата е ако конзумирате повеќе лук, тогаш ништо неможе да покаже дека сте пијан. Но, дали е тоа така. Пијан возач во Полска се обидел да ја измами полицијата при контрола на содржината на алкохол користејќи голем аколичина на лук, пишуваат полските медиуми.

„Пивнатиот“ возач случајно бил сопрен од полиција чиј службеник возел мотор во градот Крачник. Мажот за малку ќе го удрел полицаецот.

Полицискиот службеник излегол и со свирче го натерал да сопре, а потоа ги повикал колегите. Кога возачот видел во која насока се движи работата го отворил багажникот и започнал да јаде цели главици на лук.

Полицијата се забавивале додека го гледале возачот како јаде лук, и го оставиле да ја заврши гозбата пред да почнат со тестирањето. И откако тој го завршил тестирањето тестерот покажале 2 промили,што е далеку над дозволеното.

Не му помогнал лукот, освен што имал проблеми со желудникот и варењето. За мирисот да не зборуваме.