Полициски Mustang со дополнителна опрема – сачмарка

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневен оглас доаѓа од Канада – се продава полициски Ford Mustang заедно со дополнителната опрема, а тоа е сачмарка.

Станува збор за Mustang од 80-те години попознат како Fox-Body. Под хаубата е опремен со 5,0 литарски V8 мотор со 225 КС и 406 Nm. Истиот е во мног уретката верзија – Special Service Package.

Овој автомобил во минатото го користеле влијателни владини организации како FBI и DEA, па оттука овој автомобил се продава и со додатна опрема – сачмарка.

Ford Mustang SSP

Овој автомобил на аукција требаше да се најде во рамките на настанот Indy 500, но откако истиот е одложен не е познато кога и каде ќе се одржи оваа аукција.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK