Погребаа политичар во Mеrсеdеs-Bеnz Е500

ОБЈАВЕНО НА:

Член на партијата „Обединето демократско движење“ (UDM) во Јужна Африка и претседател на месната заедница на селото во провинцијата Источен Кејл беше погребан во неговиот омилен автомобил Mеrсеdеs-Bеnz Е500. Чекеди Пицо, го купил автомобилот пред две години и го шокирал своето семејство кога објави дека сака да го напушти овој свет зад управувачот во белиот супер седан.

За време на својот живот од 74 години политичарот бил голем приврзаник на Mercedes и дури имал колекција на Benz возила. Желбата да биде погребан во невообичаен ковчег му била исполнета.

На церемонијата за испраќњето на Пицо присуствувале стотици соселани. Рацете на покојникот биле ставени на воланот, а телото прицврстено со безбедносниот ремен.

Во 2018година на ист начин беше погребан жител на градот Баодин во провинцијата Хебеј во Кина. Тој беше погребан во својот Huyndаi Sоnаtа во претходно изградена бетонска гробница.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK