Погледнете каков автомобил купи ѕвездата на Атлетико Мадрид

ОБЈАВЕНО НА:

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Коке кој важи за еден од најдобрите на глобално ниво на својата позиција се реши да се поднови со нов автомобил.

Тој се реши да купи Porsche Cayenne Turbo Coupe, а за неговата одлука на својот Twitter профил е пофали и официјалниот дистрибутер за Porsche во Шпанија кој му посака добредојде во фамилијата на германскиот спортски бренд.

Според спецификацијата, Коке ќе ужива во навистина моќен автомобил кој доаѓа со 4.0 литарски twin turbo V8 мотор кој продуцира 541 КС. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 286 км/ч, а до 100 км/ч забрзува за 3,7 секунди.

 

За овој автомобил Коке платил нешто над 130 илјади евра. Тоа не е ништо ако се знае дека годишната плата која ја добива како фудблер на “Јорганџиите” изнесува 7 милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK