Погледнете како изгледале регистарските таблички во поранешна Југославија (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првите регистарски таблички во онаа прва Југославија (Кралството СХС) беа воведени по Првата Светска војна.

Пред Втората Светска војна, наместо алфабетска ознака за градот се користеле нумерички. Така доколку возилото било од Белград тогаш со црвена бројка на сина позадина стоел бројот 1. За Битола бил резервиран бројот 21, за Загреб 3 додека пак за Љубљана 2.

По Втората Светска Војна на регистарските таблички доминираше црвената петокрака. Во овој повоен период за прв пат се воведе алфабетското означување на градовите.

Вкупно 10 градови од Македонија имаа алфабетско означување на регистарските таблички и тоа: Титов Велес, Тетово, Штип, Струмица, Скопје, Прилеп, Охрид, Битола, Гостивар и Куманово.

Yugoslavia License Plates

Покрај за цивилното население, одредени институции поседувале и посебни регистарски таблички. Такви регистарски таблички имале институциите за цивилна заштита, Полицијата, Југословенската Народна Армија, возилата на претставниците на дипломатски и не-дипломатски мисии, таксистите, земјоделските машини, но и велосипедите.