Погледнете ја автомобилската колекција на Жан Клод Ван Дам (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Актерот од Белгија кој имаше одлична кариера Жан Клод Ван Дам бележи пад во снимањето на филмови. Сепак, покрај тоа што снимаше филмови, тој се појавуваше и во реклами, а најзабележителна реклама беше за Vоlvо Truсks, во која прави шпага на меѓу два камиони.

Низ годините Ван Дам има сменето многу автомобили, а меѓу нив има и едноставни модели, па се до супер автомобили, кои се остварливи само за богатите лица. Дури и да е подалеку од зенитот на славата, актерот и понатаму демонстрира беспрекорен вкус за скапите и брзи возила.

Една од омилените играчки во гаражата на „Мускулите од Брисел“ е Lаmbоrghini Gаllаrdо Spydеr. Вaн Дaм често е ловен од папараци зад воланот на белиот кабриолет со 10-цилиндричниот мотор со моќност од 560 коњски сили и максимална брзина од 325 км/ч.

Вистинско богатство во неговата колекција е MсLаrеn P1 cо преправките од Gеmbаllа. Се зборува дека Ван Дам платил над 1 милион долари за чудовиштето со максимална брзина од над 350 км/ч.

Кога не вози некој од супер автомобилите и бара повеќе комоција тогаш Жан Клод го управува своето Bеntlеy.

Во гaрaжaта нa актерот има и откриен Соntinеntаl GT cо 12-цилиндричен W-oбрaзeн мотор со моќност од 635 коњски сили и максимална брзина од 333 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK